Македонија Најважни

ЕУ го губи кредибилитетот на Балканот, Македонија мора да ги почне преговорите со ЕУ – пораки од форумот „Делфи“

Грција не прифаќа одвојување на Македонија и Албанија на евроинтергативниот пат и отворено се залага за старт на преговорите. Поддршка и од Кипар чиј шеф на дипломатијата смета дека ЕУ го губи кредибилитетот на Балканот. Вицепремиерот Димитров дециден, случајот со Македонија ќе испрати порака до сите држави во регионот. Премиерот Заев се заблагодари за поддршката од Грција и порача дека очекува решение на спорот со Бугарија.

Македонија ја има поддршката од Грција за старт на преговорите бидејќи го исполни својот дел од обврските и треба да биде во пакет со Албанија е пораката која ја испрати грчкиот замиеник министер за надворешни Милитиадис Варвициотис во рамките на панел дискусијата на економкиот форум „Делфи“ на која учестуваше вицепремиерот Никола Димитров и кипарскиот шеф на дипломатијата Никос Христодулидес.

Варвициотис е дециден дека пристапниот процес мора да биде побрз, кредибилен и реверзибилен а Унијата да ги одржи ветувањата

Димитров пак истакна дека со 20 години чекање на старт на преговорите се изгубени многу генерации, Македонија ги исполни барањата и условите и сега е на ред Европската унија да испорача. Во спротивно ќе биде испратена порака до сите земји аспиранти.

Кипарскиот шеф на дипломатијата, Христодулидес најави дека во наредните неколку денели треба да очекуваме позитивни вести.

На маргините на форумотвице премиерот Димитров, имаше тет а тет средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас на која фокусот беше значењето на стартот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

И премиерот Зоран Заев, кој попладнево ќе има средба со својот грчки колега Мицотакис, се обрати на формуот „Делфи“ и кажа дека Грција е силен лобист за пристапен процесна Македонија  за членство во ЕУ како и дека е потребен економски просперитетен Балкан интегриран во Унијата со што ќе се продлабочои економската соработка во регионот.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Пожар кај селото Јосифово, побарана воздухопловна поддршка

Дејан Дејан

Екологисти од цела држава протестираа против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе