Македонија Топ тема

Верниците во џамиите за Рамазан Бајрам со делумно  почитување на здравствените протоколи

Денеска е Рамазан Бајрам, еден од најголемите муслимански празници. Во џамиите од утро до вечер има молитви, а на пладневната, на која присуствуваше наша екипа, делумно се почитуваа мерките за заштита од корона вирусот. Сепак, верниците и поглаварот  на ИВЗ упатија порака дека треба да се почитуваат протоколите за добробит на сите граѓани.

На пладневната молитва за Фитер Бајрам во Мустафа пашината џамија дојдоа малку муслимански верници. Според правилата , пред влезот ги соблекоа чевлите и влегоа внатре . Сите со маски на лицата ,стоења, се молеа и клекнуваа. Но, за разлика од петмина, кои имаа целосна заштита , двајца верници не ги почитуваа исцело здравствените протоколи. На едниот од нив не му беше покриена устата, а на другиот, ни устата, ни носот. По молитвата сепак упатија порака дека им е задача да ги почитуваат здравствените протоколи против Ковид-19.

  • Една од принципиелните задачи е уставниот поредок да се заштити, а тоа е преку почитување на законите, одредбите и регулативите кои што Владата преку Министерството за здравство ги донесе, за добробит на сите граѓани – Аднан Емини- верник.

Да се служи за добробит на поединецот и  на целиот човечки род, е пораката која на утринскиот Бајрам- намаз ја упати поглаварот на ИВЗ, Реисул Улема Шаќир Фетаи.

  • Алах Џенешанху , на сите верници , на сите луѓе воопшто во светот, да им даде здравје , долг живот, служба за добробит на човекот и целиот човечки род. Затоа што тоа ни е целта на нашето живеење. Алах да ги прими сите наши добри дела што ги направивме и да продолжиме да живееме со сите вредности што ги добивме за време на месецот Рамазани Шериф – Реисул Улема Шаќир Фетаи- поглавар на Исламската верска заедница.

По долгиот пост, во рамките на светиот месец Рамазан, во кој верниците се воздржуваат од храна и пијалоци, од зори до зајдисонце, денеска муслиманските верници слободно јадат и пијат. А, обичај е и да се оди на гости, на баклава.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема – Второнаградените кочански средношколци на ЕУСАИР 14.05.2025

Дејан Дејан

Топ Тема – Кочани одново и одново ја преживува трагедијата 14.05.2025

Дејан Дејан

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе