Вести Македонија

Адвокати и новирани со дијаметрално спротивни оценки од судиите за работата на судовите

Дали и колку судовите се транспарентни, незивисни во работењето, брзи и непристрасни во изрекувањето на пресудите и дали се работи по закон или притисоците однадвор се пресудни се прашањата на кои судиите од една страна и новинарите, адвокатите и странките во процесите имаат дијаметреално спротивни гледишта, покажа мерењето на перформансите и реформите во правосудството кое го спроведе Центарот за правни истражувања и анализи.

Мнозинството судии 64,6 отсто сметаат дека успешно се справуваат со обемот на работа и навремено ги решаваат предметите. 69 отсто од адвокатите и 79 отѕсто од новинарите го сметаат спротивното. Просечната оценка за оваа област е 2.75

Транспарентноста мора да се подобри е заклучокот на оваа анализа во која средната оцена добиена од испитаниците е 2.56 а тоа се должи на недоволно функционалниот пристап до судските одлуки и ненавременото ажурирање на веб страниците.

Кога станува збор за квалитет на судската правда која подразбира ефикасност на доставата на поканите, распоред на рочиштата, однос и професионалност на судиите за време на рочиштата и нивна подготвеност средната оценка добиена од испитаниците е 2.61

Убедливо најниска оценка, 2.28 е кога станува збор за независност и непристрасност при изборот и разрешувањата на судиите. Половина од анкетираните странки во споротвите, 70 отсто од новинарите и 64 отсто од адвокатите сметаат дека судиите се подложни на внатрешни и надворешни влијанија при изрекувањето на преусдите.

Интересно е што кога станува збор за работата на судскиот совет односно именувањето и разрешувањето на судисите дури третина од анкетираните судии сметаат дека тоа се врши со притисоци и влијанија од надвор. Дури 77 отсто од новинарите и адвокатите го сметаат истото изборот и разрешување на судии се врши по нечиј диктат.

Најдобра оцена од 3.08 во анализата доби делот за професионален развој и правична застапеност . Тоа пред се се должи на Акадмијата за судии и јавни обвинители каде обуките, кои се оценети како релевантни, ги следат промените во законосвтсвото и судската пракса обуките за едукација на судиите се оценети како релевантни и во согласност со потребите на судиите.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екологисти од цела држава протестираа против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница

Дејан Дејан

Фатална сообраќајна несреќа во Грција во која учествувал и македонски камионџија

Дејан Дејан

Спасени четири лица од оштетена едрилица во Охридското Езеро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе