Вести Македонија

Ќе се организираат ли свадби и прослави ќе одлучи Комисијата за заразни болести – граѓаните со поделени ставови

Подобрената Ковид-ситуација во земјава донесе и помали ограничувања. Полицајците вечер ќе одморат и нема да бидат распоредени на улиците бидејќи полицискиот час нема да важи заради верскиот празник Рамазан Бајрам, идентично како што беше и за Велигден. Се дозволува работата на фитнес-центрите, теретаните, а угостителите работат со продолжено работно време. Во јавноста веќе се отворија прашањата дали континуираното подобрување на епидемиолошката слика ќе донесе и уште поголеми олеснувања на затегнатите превентивни мерки. Едно од точките за кои ќе расправа Комисијата за заразни болести на следниот состанок е дали ќе се дозволи организирање свадби и други прослави. Целиот товар на одлучување Министерството за економија го префрла токму на здравствената комисија.

„Ние не сме најавиле дека во овој момент ќе ги отвораме, но секако дека тоа ќе се разгледа и најверојатно ако ја имаме истата епидемиолошка слика ќе најавиме согласно конкретни протоколи кои ќе бидат изготвени од страна на Комисијата, некаде кон крајот на мај или почетокот на јуни. Секако дека ќе го објавиме и начинот – како ќе можат тие да функционираат.“

А, угостителите веќе се понудија и тие да им помогнат на здравствените лица во изготвувањето на протоколите за работа. Според нив, ако има строги правила и прославите не се со многу луѓе – ризик нема.

„Не секој од нас се мажи, жени или прави свадба за 300 и за 500 луѓе или за 100 луѓе. Добар дел од нас прават и мали свадби, веселби, матурски, дипломски и роденденски прослави во коишто учествуваат луѓе по 10, 15, 20 или 30 луѓе. Таквите настани иако на мала врата во изминатиот период се во континуитет одржувани. Мора да постојат правила и процедури според кои ќе се овозможи во угостителски објекти да се одржуваат, согласно препораките и протоколите за работа коишто експертите ќе ги изработат.“

Граѓаните со поделени мислења по ова прашање. Според некои се уште е рано да се размислува за дополнително олеснување на мерките иако секојдневието е поопуштено за разлика од состојбата среде бранот на зараза.

„За свадбите може да се почека. Еве и ние треба да правиме крштевка меѓутоа тоа ќе биде некоја мала крштевка што нема да биде со сто луѓе туку само со кумот и со кумата.“

„Па можеби треба да почнат да се дозволува и тоа, штом вака ние почнавме да шетаме повеќе.“

„Мислам дека е рано бидејќи се уште не се подобрени бројките на новозаразени случаи.“

Целиот комплет олеснувања на мерките предвидува полицискиот час од утре да почнува на полноќ и да трае до четири часот наутро. Се отвораат фитнес-центрите, дозволени се и семинари и едукативни настани на отворено и со редуциран капацитет во затворено. Олеснувањата ќе ги почувствуваат и здравствените лица кои после долги месеци непоштедна битка на своите работни места, сега ќе можат и да земат одмор.

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе