Вести Македонија Најважни

Новата бугарска влада со старите позиции за Македонија

Нова бугарска влада, нов шеф на дипломатијата – стари, познати, лоши вести од Софија за Македонија.

На заедничката прес конференција со својата претходничка, Екатерина Захариева, новиот министер за надворешни работи, Светлан Стоев изрази подготвеност за продолжување на дијалогот со македонската влада, но и подвлече дека нема да има апсолутно никакви промени во позициите на новиот бугарски кабинет.

Повикувајќи се едногласно усвоената рамковна позиција на бугарскиот парламент, Стоев порача дека сега се е во рацете на властите во Скопје.

Рамковната позиција е усвона со консензус од сите политички сили во бугарскиот парламент. Ние немаме, како привремена влада, никакво овластување да ја менуваме таа рамковна позиција, но можам да ве уверувам дека тоа што зависи од привремениот кабинет и од министерот за надворешни работи, ќе биде направено се за продолжување на дијалогот. Од тука натаму, се е во рацете на официјалните претставници на република Северна  Македонија, тие добро ја знаат каква е бугарската позиција и не би требало да шпекулираат со тоа дека ќе има некаква промена во наредните 2,3 месеци додека трае оваа привремена влада.

Рамковната позиција на Бугарија, на која се повикува Стоев, ја негира засебноста на македонската нација, сугерирајќи дека има бугарски корени, додека ист е третманот и за македонскиот јазик, за кој се инсистира да се наведува само како официјален јазик според уставот на нашата држава.

Стоев функцијата ја презеде откако Бугарскиот претседател Румен Радев, ја именуваше новата, привремена влада, чија главна задача е да ги организира вонредните парламентарни избори, закажани за 11-ти јули.

Претставувајќи ја владата, предводена од генералот Стефан Јанев, бугарскиот претседател жестоко ја критикуваше и работата на кабинетот на Бојко Борисов.

 Владата во заминување ја испразни казата со спорни проекти и неразумни предизборни трошоци. Ги остави, во најтешкиот миг, без финансиска подршка пензионерите, лекарите и бизнисот. Вие почитувани министри, ќе треба да вложите максимални напори за да докажете дека грижата за народот е најважниот приоритет на секоја влада.

 Радев очекува тешки месеци до изборите и отпор, од како што рече, силите на статус квото. Генералот-Премиер, Јанев изјави дека иако за неколку месеци не можат да се решат проблемите наталожени со години, тој и неговите министри ќе работеле чесно и транспарентно за да ја вратат загубената доверба во институциите.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Дејан Дејан

Трамп не размислува за продолжување на 90-дневната пауза за воведување царини

Дејан Дејан

Жена паднала кај охридската населба Канео

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе