Македонија

ССМ се ребрендира во „Здружение со иста цел“

Сојузот на синдикатите на Македонија се ребрендира во „Здружение со иста цел“ со цел поефикасни и повидливи ангажмани за членството и работниците, информираат од сојузот.

Како што стои во соопштението, новото и ребрендирано делување на ССМ е негова определба и предизвик и за престојниот период во кој ќе насојуваат нивните ангажмани да бидат поефикасни и повидливи за членството и работниците.

Додаваат дека членството е нивната сила, неговата доверба е нивна моќ и мотив за делување.

Сите ние, заедно здружени во ССМ, сме насочени кон иста цел – обезбедување на достоинство на трудот и работата изразено преку: повисоки, реални и фер плати, намалување на сиромаштијата, социјална сигурност, унапреден социјален дијалог, здрави и безбедни услови за работа, заштита на човековата околина, солидарност и еднаквост без дискриминација по ниеден основ, се наведува во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Наталитетот во слободен пад

Дејан Дејан

КОД: Надзорните камери придонесоа за намалување на сообраќајните прекршоци, истиот ефект се очекува и од Сејф сити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе