Државниот санитарен и здравствен инспекторат влезе во гинеколошката, Дигестивната и клиниката за КАРИЛ. Бара евентуални пропусти околу случајот со 33 годишната Ирена Костовка, пациентка од Охрид кој почина по двете извршени операции а нејзиното семејството обвинува за лекарска грешка. Вонредниот инспекциски надзор ќе ја разгледува постапката од приемот, па се до смртта а инспекторите стапиле во комуникација и со матичениот лекар. Семејството тврди дека хрирург на дигестивната клиника констатирал физички повреди на цревата и папочната врвца, но тврдењата ги отфрли директорката на гинекологија Викторија Јовановска која ја оперирала Костовска и од неа отстранила миом. На укажување на лекарите и директорката на ГАк Јовановска но и во насока на утврдување на причините за смртта, Смејството на Костовска се согласиле и денеска нејзиното тело е донесенои на инстутит за судска медицина, а ќе се прават и дополнителни испитувања на инстутит за патофизиологија.
Инспекторат влезе во ГАК, Дигестивна и КАРИЛ – семејството се согласи на обдукција
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.