Македонија

Припадниците на АРМ не смеат да се бават со политика

Забрана за бавење со политика, а не условите за пензионирање според министерката за одбрана Шекеринска е причина за блокирање на Законот за Армијата. Ги повика пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат предложеното решение и да се повлечат од блокадите. Не може, вели Шекеринска, заради политичка злоупотреба некој да печали политички поени.

ВМРО-ДПМНЕ бара партиите да седнат на заедничка маса и по пат на преговори да се најде компромис.

Со новиот закон се предлага и право на избор на професионалните војници по навршување на 45 години да засноваат работен однос на неопределено време без објавување јавен оглас, со превземање во органите на државната и локалната власт или да земат отпремнина од 1.000 евра за секоја година помината во служба на армијата. Доколку се вработат повторно, отпремнината ќе треба да ја вратат.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екологисти од цела држава протестираа против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница

Дејан Дејан

Фатална сообраќајна несреќа во Грција во која учествувал и македонски камионџија

Дејан Дејан

Спасени четири лица од оштетена едрилица во Охридското Езеро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе