Најава за пациент од Африка кој е високо суспектен на јужноафриканскиот сој е стасана вчера до целиот персонал на Инфективната клиника во Скопје. Министерката за одбрана кажа дека се работи за војник, македонски државјанин кој е во добра состојба и вечерва треба да биде сместен на Инфективната клиника во Скопје. тој бил позитивен на ковид веќе една недела, но таму каде се наоѓал немало услови за лекување.
На Клиниката веќе се подготвени за прием на пациентот кој е сомнителен на јужноафриканскиот сој, но дополнително ќе се прават испитувања за точниот сој на вирусот.