Ковид19 Македонија Најважни

Владата на седница ќе одлучува за намалување на ковид-рестриктивните мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница, на чиј дневен ред, меѓудругите, се и предлозите за намалување на рестриктивните мерки поврзани со пандемијата предизвикана од коронавирусот.

На седницата, која ќе започне во 12:00 часот, ќе биде разгледан Записникот од триесет и шестиот состанок на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, одржан на 10.5.2021 година, со Записникот од состанокот на Комисијата за заразни болести, одржан истиот ден, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Меѓу останатите точки, на дневен ред за разгледување се и Информацијата со Предлог за бројот на студенти за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи и Предлог – одлуката за дополнителни квоти за запишување студенти припадници на заедниците, кои не се мнозинство во Република Северна Македонија во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид и Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, во учебната 2021/2022 година, предложени од Министерството за образование и наука.

За донесените одлуки и заклучоци од 69-тата редовна владина седница, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Екологисти од цела држава протестираа против изградбата на мали хидроцентрали на реката Дошница

Дејан Дејан

Фатална сообраќајна несреќа во Грција во која учествувал и македонски камионџија

Дејан Дејан

Спасени четири лица од оштетена едрилица во Охридското Езеро

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе