Култура

Потпишан меморандум за соработка во културата меѓу Северна Македонија и Грузија

Министерките за култура на РС Македонија и на Грузија, Ирена Стефоска и Теа Цулукиани, денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата. Со потпишувањето на Меморандумот се поттикнува директна соработка и размена на експерти меѓу институциите и организациите од областа на културата, размена на информации, како и воспоставување непосредни контакти во сите дејности – од литературата, театрите и музиката до заштитата на културното наследство.

Исто така, се овозможува учество на семинари, конференции, манифестации и други културни настани што ќе се реализираат во двете држави. A, во согласност со националното законодавство и меѓународните договори, ќе се поттикне и соработката меѓу релевантните институции за заемна заштита на авторското право и сродните права.

Грузиската министерка за култура е дел од делегацијата предводена од претседателката на Грузија, Саломе Зурабишвили, која денеска и утре е во официјална посета на Република Северна Македонија. Домаќин на делегацијата од Грузија е претседателот на државава, Стево Пендаровски. Тој и неговата колешка Зурабишвили, денеска во Вила Водно ја потпишаа Спогодбата за безвизен режим меѓу двете држави. Тоа, меѓу другото, ќе ја олесни соработката меѓу институциите, здруженијата и поединците од двете земји кои негуваат слични приоритети во своите културни политики.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе