Култура

Музејот на РСМ со дигитална поставка посветена на борците од операциите за победата над фашизмот

Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа -9 мај, Музејот на Република Северна Македонија го одбележува со изложбата „На Срем“, посветена на борците од Македонија кои учествуваа во завршните операции за победа над фашизмот.

На над 120 фотографии, селектирани од богатата фото документација зачувана во музејот, низ слика и текст, изложбата го следи борбениот пат на македонските единици, офицери и борци и нивните премрежја на Сремскиот фронт и во завршните операции за ослободување на Југославија и за победа над фашизмот, во последните месеци од Втората светска војна.

  • На тој начин, уште еднаш, се навраќаме на споменот на овие настани и се истакнува придонесот на нивните учесници во крајот на војната како значаен македонски придонес во заедничката ослободителна и антифашистичка борба, велат од Музејот на РСМ во соопштението до медиумите.

Изложбата, најпрво, ќе може да се погледне во дигитална форма на новата електронска платформа на музејот,  izlozba.mk. На оваа нова дигитална алатка посетителите ќе можат да ги проследат тековните и идните изложби на оваа музејска установа.

Истовремено, во музејот се одвиваат и завршните подготовки за поставување на изложбата во живо, која заинтересираните посетители ќе можат да ја погледнат со физичко присуство од 18 мај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе