Македонија Најважни

Осудените од „Рекет“: Пресудата се базира само на сведочењето на Камчев

Улогата на бизнисменот Јордан Камчев па и неговата сопруга Ана, еден од најспорните моменти во пресудата за „Рекет“. Ова е содржано во жалбите на двајцата осудени екс обвинителката Катица Јанева и сопственикот на поранешната 1тв Бојан Јовановски. Пред апелациониот суд истакнаа дека Камчев имал само статус на сведок, а не на оштетен иако наводно дал милиони евра на осудените. А тој пак имал интерес да куртули од истрагата „Империја“ која тогаш ја водело СЈО, рекоа адвокатите.

Спорни за одбраната се и снимките кој исто така нелегално ги снимал Камчев. Го запрашаа судот дали за него не е сомнително што се снимани во домот на бизнисменот а токму моментот на предавање на парите го нема. Торбата „Луј Витон“ пак ја изнесува Зоран Милевски Кичеец, кој призна вина ама велат како да носи пердув, а не милион евра во банкноти од по 50, кои пресметале дека би тежеле 25 килограми.

Одбраната побара да се укине пресудата и да се врати на повторно судење поради, како што рекоа, еден куп повреди во постапката. Вештачење на телефоните не им е дозволено, не е дозволено ниту доказ да биде снимен разговор мегу Камчев и Кичеец а форензичарите од МВР всушност не биле вештаци. Велат, нема ни еден доказ дека пари се предадени и дека така се влијаело Камчев да излезе од притвор. Вишиот обвинител пак побара да се зголемат затворските казни.

Исказите на Јордан и Ана Камчеви се во корелација со снимките, другите докази и сведочењата. Тие се надополнуваат и со тоа во целост се дава јасна слика за обвинението, велат од таму.

Екс обвинителката Катица Јанева од домашен притвор во Гевгелија, не дојде да ја презентира жалбата и тоа поради здравствени проблеми. Таа е осудена на 7 години затвор заради злоупотреба на службената положба, додека Боки 13 на 9 години казна заради рекет и перење пари.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ослободен македонскиот возач на камион, кој беше уапсен за сообраќајна несреќа во близина на Солун

Дејан Дејан

Алиу: Мој термин ќе добие јасно дефинирани протоколи за упатување на пациенти кај стручни медицински лица

Дејан Дејан

Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе