Македонија Најважни

Димитров: Европската Унија да си го одржи зборот

Последниот збор ќе го имаат земјите членки на европскиот совет дали Македонија и Албанија ќе продолжат заедно на патот на интеграцииите.

Не е исклучено и неодамнешното сценарио кое еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го соопшти при посетата на земјата, а денеска одново го потенцираше евроамбасадорот Дејвид Гир со надеж дека нема да дојде до такво нешто.

Позицијата на ЕК е апсолутно јасна, од самиот почеток Комисијата сака да види одржување на првите меѓувладини конференции и со Северна Македонија и со Албанија, што е можно побргу, рече евроамбасадорот Дејвид Гир.

„Прашавте околу раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија, мислам ова прашање беше покренато и повторно при посетата на еврокомесарот Вархеји и тој повторно кажа дека ЕК работи за да се постигне согласност за меѓувладини конференции за двете земји – и за Северна Македонија и за Албанија, меѓутоа, сè уште не сме стигнати до таму. Се разбира, одвојувањето е и прашање со кое треба да се занимава и Европскиот совет, тука се 27 земји членки кои треба да дебатираат за тоа прашање“ – вели евроамбасадорот, Дејвид Гир.

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров користејќи го настанот околу одбележувањето на Денот на Европа како симбол за заедништвото во победата над фашизмот ја потсети европската унија дека Македонија направила и повеќе од што се очекувало од неа и сега ЕУ е на ред да си го одржи зборот, бидејќи евентуалното раздвојување, според него, ќе има рефлексии врз целиот регион.

„Скоро имаше едно писмо од Босна и Херцеговина, поддржано од земјите во регионот, во однос на нивните маки. Меѓутоа, велат, во последните години имаме малку светли точки, од Северна Македонија доаѓа надеж. Токму затоа одлуките кои ќе се прекршат околу нас ќе имаат рефлексија врз целиот регион на Западен Балкан. Наше е да најдеме начин согласно европските принципи да излеземе од овој многу штетен ќорсокак“ – оцени Димитров.

За очекувањата од Бугарија, Димитров поумерен од шефот на дипломатијата Бујар Османи  околу можноста техничката влада таму да даде зелен осветло за меѓувладина конференција.

Дека засега нема напредок околу бугарското вето говорат и последните зборови на премиерот Зоран Заев во интервју за грчкиот медиум „Катемерини“ дека за македонскиот народ, неприфатлива е било каква интервенција во македонскиот идентитет прашање за кое бугарската страна инисистра да се разговара.

„Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух, бидејќи треба заедно да градиме иднина. За Северна Македонија, за македонскиот народ, за сите граѓани на нашата земја, било каква интервенција во македонскиот идентитет е неприфатлива“ – порачува Заев.

Премиерот Зоран Заев в понеделник оди во Брисел. Ќе се сретне со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен, а оваа тема секако ќе биде ставена на маса.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Наталитетот во слободен пад

Дејан Дејан

КОД: Надзорните камери придонесоа за намалување на сообраќајните прекршоци, истиот ефект се очекува и од Сејф сити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе