Од почетокот на масовната вакцинација во битолскиот регионален центар вакцинирани се 3885 лица од општините Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод, што е 62 проценти од закажаните во изминатите 5 дена.
Од Здравстевниот дом информираат дека интересот за вакцинација се зголемува, но, апелираат граѓаните да не доаѓаат без закажан термин.
Оние, пак кои добиле порака, а нема да дојдат на вакцинација, по 8 дена ќе се бришат од системот и ќе треба повторно да аплицираат. Се најавува и теренска вакцинација во старските домови, но и за неподвижните граѓани.