Македонија

Разединети полициските синдикати одвоено протестираа пред Владата, а упатија исти барања

Независниот синдикат на полицијата денеска излезе на, како што рекоа, предупредувачки протестен марш. Од јавниот сервис до пред Владата се движеа пешки и со возила. Пред Владата побараа подобрување на условите за работа, повисоки плати, нови униформи и потпишување нов Колективен договор и нова систематизација. Се спротивставија на, како што неофицијално дознале, веќе потпишаниот  Колективен договор меѓу МВР и Македонскиот полициски синдикат. НСП е член на Конфедерацијата на синдикални организации , па свои барања од пред Владата до надлежните, упатија и други синдикални организации. По завршувањето на нивниот протест, со исти барања, но одделно се јавија од Синдикатот на полицијата , кој членува во Конфедерацијата на слободни синдикати, а беше дел од НСП.

Не може НСП 5 години да излегува за Шумската полиција, за Затворската полиција, за судската полиција, да ги реши прашањата за сите. Не може вработените во полицијата, излегувајќи и давајќи подршка за овие 3 синдикални структури, да ги реши прашањата, а МПС да се претставува за единствен репрезентативен синдикат. Е, тоа нема да може. Кажувам многу пати, меѓутоа од денеска па натаму не може на некој да му е замрзната функцијата генерален секретар во тој синдикат, не знам по кој член од било кој закон, работното место да си го покачи за едно ниво повеќе, изјави претседателот на НСП Гоце Делчев Тодев.

 

Бараме нов и европски колективен договор од МВР. Колективен договор со одредби , со кои што ќе спречат незаконските распоредувања. Колективен, со кој полицијата ќе добие подобри услови и права. Бараме професионалци на чело на МВР, порача претседателот на Синдикатот на полицијата Орце Коцевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Наталитетот во слободен пад

Дејан Дејан

КОД: Надзорните камери придонесоа за намалување на сообраќајните прекршоци, истиот ефект се очекува и од Сејф сити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе