Македонија Најважни

Османи ќе бара од техничката влада на Бугарија да го тргне ветото за Македонија

Давањето на зелено светло за старт на преговорите на земјава со ЕУ е техничко прашање и таква одлука може да донесе и техничка влада во Бугарија. Ова е стратегијата која ја најави денеска шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи, за земјава во јуни да добие консензус од сите земји-членки за старт на преговорите.

„Одлуката за првата меѓуваладина конференција е техничка одлука бидејќи политичката одлука за почеток на преговори беше донесена во март минатат година. Одржување на конференцијата е техничко продолжување, односно следен чекор на имплементација на политичка одлука. Така да техничка одлука за техничка влада мене ми е многу соодветно“, изјави Осман.

Прв чекор за тоа би било одржување на меѓувладината комисија меѓу Македонија и Бугарија во јуни за усвојување на акцискиот план за имплемнтација на Договорот за добрососедтво, со што, како што вели Османи, би почнале технички разговори со техничката влада во Бугарија за да се најде техничко решение за да се почне техничкиот процес на старт на преговорите со Унијата.

„Уште од првиот ден ќе инсистирам да се одржи меѓувладината комисија, да е направи проценката на динамиката на имплементацији, да се усвои акцискиот план и да почнеме да го имплементираме истиот. Тоа ќе значи дека ќе барам комуникација веднаш по формирање на владата“, информираше Османи.

Османи дури и најави дека и да не се случи меѓувладината конференција во јуни Македонија ќе продолжи еднострано да ги исполнува своите задачи од аксцискиот план.

Но дека сите карти не се ставаат на очекувањето идната техничка влада на Бугарија да решава по ова прашање и да даде зелено светло за старт на преговорите за земјава, покажува и фактот што македонските претставници периодов ги зачестија посетите на европските метрополи, од кои следна на агенда е посетата на премиерот Зоран Заев на Брисел и негова средба со претседателската на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Нивната средба доаѓа само неколку дена по најавата на ерокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, дека е можно раздвојување на пакетот Македонија – Албанија во пристапувањето, на што засега не се согалсуваат неколку држави меѓу кои Германија, Словачка, Австрија, Италија, Франција. Сепак иако последниот збор за раздвојувањето го ќе го носат земјите-членки изјавата на Вархеи покажува дека оваа тема е веќе отворена во Брисел и е ставена на маса, за што е извесно дека ќе разговараат и Заев и Фон дер Лајен.

Шефот на дипломатијата пак е на став дека дебатата околу раздвојувањето на двете земји е погрешна и оти Македонија треба да се фокусира на својот старт на преговорите, а не на тоа дали Албанија ќе ги почне своте.

„Јас мислам дека нема да имаме во овој период одвојување, според тоа што јас го знам и го следам. Меѓутоа тоа не значи дека нашата европска перспектива треба да ја засноваме на надворешната политика и перспектива на Албанија. Ние треба да имаме наш план пред нас, наша стратегија и треба таа да ја реализираме“, е ставот на Османи.

Според Османи колку долго Македонија ќе остане заглавена не зависи од стартот на преговорите со Албанија, туку дали сите земји-членки ќе дадат поддршка за Македонија, поточно дали Бугарија ќе го тргне ветото.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Наталитетот во слободен пад

Дејан Дејан

КОД: Надзорните камери придонесоа за намалување на сообраќајните прекршоци, истиот ефект се очекува и од Сејф сити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе