Темата 27-ми април добила само 4-5 минути од едночасовната средба Пендаровски-Мицкоски, но беше централна тема на изјавите дадени по неа. За шефот на опозицијата, ова беше и поводот поради кој пред неколку дена побара одмрзнување на дијалогот со шефот на државата.
Мицкоски вели дека не бара ниту амнестија ниту милост за осудените и обвинетите за 27-ми април, но бара политичарите, посебно премиерот Заев, да се тргнат од судтсвото, а сите актери да добијат правда.
Претседателот Пендаровски нема намера да даде помилување ниту пак бара ревизија на судските предмети. За него е важно да се смени реториката и политичките квалификации.
И премиерот Заев го поздрави обновувањето на дијалогот меѓу опозицијата и претседателот, но уверен е дека тие не можат да сторат ништо околу „крвавиот четврток“.
Претседателот Пендаровски се надева дека дијалогот ќе стане вообичаена комуникација, а не прва медиумска вест.
Овој пат го информирал Мицкоски и за неговите средби во Брисел, а утре најави средба со Заев заради редовни консултации.
Соња Николовска