Вести Македонија

Богдановиќ: Не си пукам во нога и да барам суспензија на ДУП-ови за кои има постапки

Вчера на Совет ги поништи заклучоците на советниците од декември лани со кои од него побараа целосно да ги суспендира спорните ДУП-ови во Центар кои не се во согласност со Генералниот план.

Денеска Богдановиќ вели нема да си пука во нога и да бара суспензија таму каде веќе имало отворено управни или кривични постапки за одредени парцели. Сега наместо цели планови, ќе се разгледува дали има основ да се поништат делови од нив, но само под услов тоа да не нанесе штета на општината.

Богдановиќ, пак не одговара прецизно – дали тоа значи дека нема да побара суспензија на ДУП-от спроти „Холидеј ин“. Таму  инвеститорот е пред добивање градежна дозвола за изградба на првите три висококатници, а јавноста е на нозе – бара итна суспензија поради неусогласеност со ГУП.

Јас свесно да знам дека некои постапки сме ги отвориле и свесно да водам војна со одредени парцели, делови од парцели каде јасно сме констатирале недостатоци и да сме отвориле милион постапки на раскинување договори ,и сега да си пукам во нога, нема да го направам тоа по никоја цена“- изјави Богдановиќ.

Можните штети по општината, биле повод и за советникот во Центар Јон Фршкоски, вчера на Совет да ја покрене иницијативата по ова прашање. Вели свесен е за реакциите во јавноста за парцелите наспроти Холидеј ин, но мора да се почека да се види каков елаборат Центар ќе испрати до министерството за  транспорт, и какво мислење ќе добие од таму.

За советничката пак Јана Белчева, заклучокот кој е донесен, под образложение дека првиот е неспроведлив и неприменлив, не бил образложен од стручните служби на општината. Таа реагираше дека не добила одговор на прашањата: дали стручните служби и комисијата веќе изработиле елаборати по првиот заклучок, дали тие елаборати се однесуваат на цели планови и дали стручната комисија која ги подготвува елаборатите побарала ваква измена.

Сега нова комисија формирана од Богдановиќ има рок од 20 дена да ги достави до министерство за транспорт елаборатите. Одлука дали ќе има суспензија, советниците ќе гласаат откако ќе се добие мислење од транспорт.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демонстратите на денешниот голем протест во Белград побараа предвремени избори

Дејан Дејан

„Марш за ангелите“ во Кочани – семејствата на трагично загинатите млади луѓе бараат одговорност од институциите

Дејан Дејан

Фараж: Албанија да си ги земе криминалците назад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе