Пендаровски и Мицковски утре ќе се сретнат во 15 часот во вилата Водно каде ќе разговараат за настаните од 27 април и одговорноста за упадот во Собранието. Очекувањата се дека средбата ќе даде позитивни резултати и ќе се најдат решенија за осудените лица за кои неодамна Претседателот рече дека тоа не се терористи.Не е исклучена можноста од ревизија на целиот судски процес.
Ќе се постигне ли договор за повторување на судскиот процес за ,,Крвавиот четврток,,. Ваквата можност ја отвори претседателот на државата Стево Пендаровски кој смета дека сторителите не заслужуваат помилување но постои начин да се обнови процесот доколку има нови докази.На неколку наврати тој изјави дека осудените лица не се терористи и треба д аодговараат за претепување. За ВМРО ДПМНЕ утрешната средба што ќе се одржи во вилата ,, Водно е државнички потег.
Премиерот Заев очекува позитивна средба која ќе даде резултати.
Мицкоски и Пендаровски прв пат по 9 месеци се најдоа на иста линија за настаните од 27 април. И двајцата не бараат помилување туку шанса за нов почеток на судењата со приложување некакви докази и користење вонредни правни лекови..За упадот во Собранието осудени се 16 лица за ,,терористичко загрозување на државниот поредок,, на вкупна казна од 211 години затвор.
Јулијана Пешевска