Македонија

Интересот за вакцинација се интензивира во Тетово

Ако на првиот ден одѕивот во тетовскиот регионален вакцинален центар бил доста слаб, овие два дена интересот се зголемува. Дел од пациентите не се појавуваат на закажаниот термин, со образложение дека доцна ги виделе пораките. Во меѓувреме се намалува притисокот врз клиничката болница, каде е преполовен бројот на хоспитализирани.

Само 60-тина проценти од лицата кои добиле термин за вакцинација се појавиле во Регионалниот вакцинален центар во Тетово. На почетокот на вакцинацијата, односно на првиот ден, одзивот бил многу мал, бидејќи се се работи за повозрасни граѓани кои не ги виделе навреме пораките, или пак дошле подоцна. Овие два дена интересот се зголемува, така што вчера 700 лица ја примиле вакцината против ковид 19.

Притисокот врз Клиничката болница во Тетово се намалува, така што деновиве се очекува да се врати нормалната работа на одделенијата во кои беа пренаменети за прием на болни од ковид 19.

Во Ковид центарот се хоспитализирани 20 пациенти, од кои 18 имаат потреба од кислородна поддршка. Во амбулантите, пак, најголем е бројот на лицата кои доаѓаат на контролни прегледи.

Данијела Билбилоска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пет станови на Груевски на продажба и земјиште на Мијалков, вредни 3 и пол милиони евра

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе