Македонија

Меѓаши добила дојави дека средношколците, кои ја бојкотираат наставата, се уценувани

Детската амбасада Меѓаши добила дојави дека средношколците кои ја бојкотираат наставата се уценувани. Преку СОС линијата за млади на Меѓаши средношколците пријавиле прекршување  на нивните права, по најавата за донесување нов Закон за дигитализација на учебниците. Како што пишува Меѓаши, учениците се загрижени дека им е загрозено психо-физичкото здравје и дека им се занемарува здравствената состојба и заштита.

Освен ова, има и јавувања од родители и старатели во врска со бојкотот на он-лајн наставата. Како што информира Меѓаши, во една од тие дојави се вели дека на учениците им се упатуваат предупредувања од класни  раководители, дека со три неоправдани изостаноци следува укор, и намалено поведение кои ќе произлезат од бојкотот, што претставува закана по правото на изразување на незадоволството од предвидените реформите и начинот на нивно имплементирање.

Детската амбасада Меѓаши вели дека го поддржува ученичкото организирање и остварувањето на нивните уставно загарантирани права. Учениците имаат право да се самоорганизираат, здружуваат, да се залагаат за своите интереси пред институциите, да бидат слушнати и нивното мислење да биде земено предвид при донесувањето одлуки од страна на надлежните институции. Детската амбасада го повикува Министерството за образование и  наставниот кадар да им овозможат на учениците да бидат дел од промените од кои се директно засегнати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наталитетот во слободен пад

Дејан Дејан

КОД: Надзорните камери придонесоа за намалување на сообраќајните прекршоци, истиот ефект се очекува и од Сејф сити

Дејан Дејан

Пелагониското село Мусинци на летните горештини со денови се без вода, резервоарот е празен, а на дното мртви влекачи и кал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе