Вести Македонија Најважни

Упад во системот на матичните лекари, закажувани термини за вакцинација, испраќани пораки на погрешни личности

Празничните први и трети мај беа неработни за матичните лекари, но не и за нивните системи. Некој влегол во личните профили на МОЈ Термин во кој ги евидентираат своите пациенти и им закажувал вакцинации на луѓето.

За упадот во системот дознале утрово кога пристигнале во своите ординации и забележале дека се закажувани термините. Претпоставуваат дека можно е или министерството или вработени во МОЈ термин да ги злоупотребиле нивните кориснички податоци без да им кажат.

Дека се испраќани пораки во празничните денови потврдуваат и овие пораки кои пристигнаа до редакцијата на Телма.

Ова се две смс пораки испратени на ист кориснички број, првата на 1 втората на 3 ти мај. Првата е испратена од вакцинација, втората е преку мој термин, а поканата и во двете е за иста личност и тоа да се вакцира во ист термин во поликлиниката Букурешт во скопје.

Но интересно е и тоа што се пристигнати на погрешен телефонски број, бидејќи таму каде што стигнала корисникот не се пријавил за вакцининација. Вакви ситуации има повеќе кои граѓани ги пријавија до Телма. За сега нема одговор кој и како праќал пораки во име на матичните и покрај тоа што е видливо дека се праќани од две платформи вакцинација и мој термин.

Во меѓувреме неколкумина до Телма пријавија дека и претходно постоел хаос со СМС пораките. Уредно аплицирале на вакцинација.мк, а добиле пораки за вакцинација но за други луѓе. Револтирани се што објаснувањето на властите беше дека оставиле погрешни броеви.

Јас сум од Велес и иако не припаѓам во приоритетните или возрасните групи ми пристигна порака за во поликлиника Букурешт. Кога се појавив на закажаниот термин кој беше на 31 март ми рекоа дека ме нема на списокот и дека најверојатно некој по грешка го впишал мојот тел број. Го споменаа лицето кое требало да дојде па откако стапив во контакт со него ми кажа дека броевите ни се сосема различни и дека е убеден дека дека го впишал сопствениот. Сега стравувам дека нема повторно да ме викнат, во термин кога ќе ми дојде редот.

Жаклина Чагароска од Управата за елктронско здравство и понатаму тврди дека луѓето кој аплицирале оставале погрешни податоци и поради тоа се настанати проблеми. Вели дека се работи за изолирани случаи, не за проблем во системот.

Од Министерството за здравство велат нема ни упад во системот на матичните лекари.им порачаа на граѓаните, ако добијат погрешна порака, повторно да се пријават за вакцинација.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе