Вести Македонија

Силна поддршка од Австрија за Македонија во ЕУ

Македонскиот јазик не беше пречка туку предизвик австриската министерка Едштадлер јасно да и укаже на македонската држава дека нејзиното место е во Европската унија.

Австрија не го разбира блокирањето на македонските интеграции заради билатерални прашања, но се нуди како посредник во разговорите со Бугарија.

За австриската министерка е неприфатлива идејата Албанија да ги почне пристапните преговори во јуни, а Македонија се уште да чека.

Министерот Димитров бара, по 16 годишен кандидатски статус, Македонија да ги почне пристапните преговори. Тоа го смета како тест за кредибилитетот и влијанието на Унијата.

Вчера, и Германија понуди посредничка помош. На средбата со  Бујар Османи, министерот Хајко Мас истакна дека Македонија ги исполнува сите услови за да ги почне преговорите со Унијата и дека билатералниот спор со Бугарија како единствена пречка – мора да се надмине.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе