Дали опремата за скопските пожарникари е преплатена или пак е регуларна набавка. Трет ден продолжуваат препукувањата и меѓусебните обвинувања на релација градоначалникот Петре Шилегов и опозициската ВМРО – ДПМНЕ. Шилегов на чија страна застана и командираот на скопските пожарникари тврдат дека се е регуларно и дека набавката вредна 1,7 милиони евра била повеќе од неопходна додека од ВМРО – ДПМНЕ обвинуваат за финансиски криминал.
Денеска скопскиот градоначалник побара од Антикоруциската комисија да ја испита целата набавка која споредн него е спроведена низ транспарента постапка и меѓународен тендер кој траел речиси шест месеци.
Командирот на скопските пожарникари Владимир Симоновски соопшти дека набавката на противпожарната скала е по нивна препорака и анализи кои тие ги спровел. Тој потврди дека е идентична со онаа во Загреб која чини поефтино но, во скалата која ќе ја добијат скопските пожарникари има вградено дополнителна опрема поради која сумата е повисока. Производителот, унгарската фирма „Хороскоп“ има обврска да обучи осум пожарникари и лица кои ќе ракуваат со опремата бидејќи станува збор за специфична повеќенаменска опрема
За опозициската ВМРО – ДПМНЕ градоначалникот Шилегов платил еден милион евра повеќе за истата опрема која ја набавил и Град Загреб и дека во финансискиот криминал е вклучен и зетот на секретарот на Град Скопје. За ВМРО ДПМНЕ не држат објаснувањата на Шилегов за дополнителна оперма бидејќи со разликата во цената би се купило уште едно такво возило.
Според официјалните податоци возилото кое го набави Загреб за кое опозицијата тврди дека е идентично платено 794 илјади евра за разлика од Град Скопје кој плати 1.7 милиони евра.
Шилегов преку социјалната мрежа „Фејсбук“ обвини за манипулации бидејќи според него од опозициската партија не ја соопштиле вистинската цена со вкалкулиран данок кој ја платил град Загерб и која изнесува 1,4 милиони евра и наброја десетина елементи кои се вградени во возилото кое ќе го добие Град Скопје, а го нема она на Загреб.
Нина Стефанова