Македонскиот јазик не беше пречка туку предизвик австриската министерка Едштадлер јасно да и укаже на македонската држава дека нејзиното место е во Европската унија.
Австрија не го разбира блокирањето на македонските интеграции заради билатерални прашања, но се нуди како посредник во разговорите со Бугарија.
За австриската министерка е неприфатлива идејата Албанија да ги почне пристапните преговори во јуни, а Македонија се уште да чека.
Министерот Димитров бара, по 16 годишен кандидатски статус, Македонија да ги почне пристапните преговори. Тоа го смета како тест за кредибилитетот и влијанието на Унијата.
Вчера, и Германија понуди посредничка помош. На средбата со Бујар Османи, министерот Хајко Мас истакна дека Македонија ги исполнува сите услови за да ги почне преговорите со Унијата и дека билатералниот спор со Бугарија како единствена пречка – мора да се надмине.
Соња Николовска