Вести Македонија Најважни

60 километри пат за вакцинација против Ковид-19

Деведесет годишниот Илија Јованов од виничкото село Драгобрашти мораше да патува над 50 километри за да ја прими вакцината против коронавирусот на пунктот во штипската сала „Јордан Мијалков“. И покрај тоа што во придржба на својот внук  му било тешко да патува од планинското село до Штип сепак имал желба да го заштити сопственото здравје и на најблиските.

Првиот пациент кој ја прими вакцината имаше 92, а најстариот кој треба да се имунизира денеска има 100 години. Масовната имунизација во Штип почна со задоцнување од два часа.

Вакцина против Ковид 19 денеска ќе примат 1.000 граѓани од 86 до сто години. Здравствениот персонал е од Штип, Радовиш и Виница, а помагаат студентите од Универзитетот „Гоце Делчев“ и волонтерите на Црвен Крст, како и припадниците на армијата и МВР. Во штипскиот пункт вчера пристигнаа 5.000, а се очекува секој трети ден да пристигнуваат вакцини.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе