Вести Македонија

Средба до четврток или протести – родителите против дигитализација со ултиматум до Царовска

Масовни отуства од онлајн наставата, пропуштени часови. Бојкотот од денеска помасовен а родителите со ултиматум – средба со Царовска најдоцна до четврток или протест пред владата во недела. Инцијативата на родителите здружени на социјалните мрежи во групата „Учебници и настава мора да има“ отпочнаа бојкот минатата недела повлекувајќи ги своите деца од онлајн наставата откако надлежната министерка Царовска најави Закон со учебници.

„Бојкотот спонтано го почнаа и го поддржаа родителите во групата на граѓани како реакција и незадоволство од однесувањето на Министерката за образование и наука. Досега групата на граѓани не го координираше бојкотот во основните и средните училишта. Сепак, согласно изјавите дадени пред медиумите, ќе останеме доследни на нашите ветувања пред граѓаните и ќе превземеме активности за координација на бојкотот на национално ниво,“ вели Спасевска во натписот на ФБ

Освен во училиштата за средно образование училиштата бележат и поединечни отсуства и во основното образование. Од министерството за образование ,пак, со спротивни тврдења. Нема бојкот на наставата туку поединечни отсуства.

„Министерството за образование и наука информира дека помали групи на ученици од неколку училишта во државата не ја посетуваат наставата организирана со физичко присуство, односно не се вклучени во онлајн наставата.Апелираме до нив и до нивните семејства, да ја променат таквата одлука и заедно со сите други ученици да се вратат на часовите и на процесот на стекнување знаења, што впрочем треба да биде нивен приоритет и единствена грижа,“ се вели во соопштението на МОН

Законот за учебници и материјали со кои се најавува дигитализација на образованиот процес не помина кај дел од родителите кои отпочнаа бојкот. Бараат заедничка ревизија на законот со вклчување на стручни лица додека, пак, Царовска и МОН остануваат и денеска на ставот дека дигитализацијата на материјалите за учење е дел од промените кои започнуваат од идната учебна година а тој тренд е насекаде во светот не смее да ја одмине нашата земја, се наведува во одговорот до спротиставените родители. Сепак, од министерството се уште не одгвоараат дали Царовска ќе се сретене со родителите, и како ќе регулиа отството од наставата на учениците кои се приклучија на бојкотот.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протести во Тајланд, демонстрантите бараат оставка од премиерот

Дејан Дејан

Пет станови на Груевски на продажба и земјиште на Мијалков, вредни 3 и пол милиони евра

Дејан Дејан

Еден загинат, а 14 се ранети во руски напад во Одеса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе