Македонија

Вархеи најави почеток на преговорите со Албанија, Македонија зависи од договор со Бугарија

Еврокомесарот за добрососедство и проширување на ЕУ, Оливер Вархеи, денеска во Скопје, најави можно одвојување на Македонија и Албанија во преговарачкиот процес со Европската Унија.

Во однос на можноста нашата држава во јуни да ги почне преговорите со ЕУ, тој потенцираше дека за тоа е потребна согласност на сите земји членки на унијата.

“Тоа е тешко прашање. Во однос на првиот дел. Се уште треба да работиме напорно, не сме каде што треба во моментов. Мора сите земји членки кои се на масата, да се согласат.Тоа значи дека ќе треба да најдеме решение во однос на Северна Македонија” – изјави Вархеи.

Еврокомесарот подвлече и дека според него Албанија ги исполнила условите и можно е нивниот интегративен процес да биде одвоен од македонскиот.

“Дали е возможно одвојувањето на двете земји? Овој процес е базиран на заслуги и ако ги гледам постигнувањата на Албанија, гледам дека тие ги исполниле сите услови. Што значи дека ако нема договор во однос на Северна Македонија, тој миг може да дојде, кога ќе треба да ја разгледаме оваа опција (за раздвојување). Се надевам дека нема да дојде до тоа. Денеска имавме многу значајни разговори со Премиерот и се согласивме дека мора да направиме напредок” – оцени Вархеи.

Во однос на своите претходни изјави дека не треба да се драматизира ситуацијата околу блокадите од Бугарија, како и неговата препорака до нашата држава да им излезе в пресрет на барањата на Софија, Вархеи повтори дека ЕК напорно работи на тоа да почнат првите меѓувладини конференции со двете земји.

“Ако зборуваме за цитати, за тоа што сум го рекол, ова ќе биде долг разговор, но да биде јасно. Тешко е да не се зборува за драма, по употребено вето. Самото вето е драматично. Тоа на што ние сега работиме е да го вратиме животот во нормала. Нормално значи да биде постигнат договор. Да се постигне договор за да може да ги одржиме првите меѓувладини конференции со двете земји. И ние на тоа работиме” – изјави Вархеи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пет станови на Груевски на продажба и земјиште на Мијалков, вредни 3 и пол милиони евра

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе