Македонија

Македонија заслужи да влезе во ЕУ и ја има поддршката на Германија

Македонија ги исполни сите услови за да ги започне преговорите со Унијата, билатералниот спор со Бугарија е единствената пречка и таа мора да се надмине, а поддршката од Германија нема да изостане и во следниот период.
Ова се ставовите на официјален Берлин кои ги соопшти германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас по средбата со македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи.

Османи се заблагодари за континиураната поддршка на Германија и нагласи дека јунските самити на ЕУ се шанса да се одблокира процесот и да се одржи првата меѓувладина конференција.

Клучно е и да продолжат реформските процеси во Македонија без разлика на епилогот од билатералниот спор.

За германскиот шеф на дипломатија нема дилема дека Македонија и Албанија треба да останат заедно, во пакет, при отварањето на преговорите без разлика на напредоккот во решавањето на спорот со Бугарија.

Мас најави дека Германија е подготвена да помогне во решавање на билатералниот спор но според него клучно е работата на историската комисија да продолжи без притисоци однадвор.

Османи имаше средба и со државниот министер за Европа, Михаел Рот, а европската турнеја продолжува со посети и средби во Копенхаген и Стокхолм.

Утре пак во Македонија доаѓа еврокомесарот Оливер Вархеји кој најави дека ја носи пораката дека Европа се грижи за своите партнери, мислејќи на испораката на ветените вакцини и заедно со премиерот Зоран Заев ќе го посетат вакциналниот пункт во салaта „Борис  Трајковски“

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе