Македонија Најважни

Уште незавршени старите мерки, владата има нови: полициски час од 23, во кафеана до 22.3

Два часа навечер повеќе за движење и седење в кафеана да имаат граѓаните во наредните две недели. Ова е предлогот на Министерството за здравство до Главниот координативен кризен штаб.

Новите порелаксирани мерки всушност се полицискиот час да започнува од 23 и да трае како и до сега до 5 часот наутро. Времето за работа на угостителските објекти пак да е до 22.30 часот но и понатаму само за летни тераси, градини но не и во затворениот дел.

Официјално објаснување зошто здравство предложило а штабот прифатил да се скуси полицискиот час и да се дозволи работа на кафеани за сега нема, неофицијално поради намалениот дневен биланс на новозаразени со корона вирус.

Но интересно е тоа што ваквиот предлог не доаѓа од докторите членови на комисијата за заразни болести, туку од штабот со кој раководи премиерот Зоран Заев, а во кој членуваат 11 министри и двајца директори на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

Истите Министри сега сами на себе односно на целата Влада и предлагаат на седница да ја потври нивната одлука.

Доколку владата ја донесе одлуката тоа ќе значи дека ќе стапи на сила од 5 ти мај среда. А денес додека се уште се на сила старите мерки и е последниот празничен ден од Велигденските празници, Скопје е полупразно.

Во кафеаните ја нема стандардната гужва, а и во градскиот парк е порелаксирано. Граѓаните веќе и не сакаат многу да говорат за мерките кои се менуваат секоја недела.

Во новите мерки нема објаснување што со полицискиот час на 12 ти наспроти 13 ти односно вечерта кога муслиманите го слават Рамазан Бајрам. Претходната недела Владата одлучи исто како и за Велигден вечерта да нема полициски час, но сега ваквата мерка не е спомената.

Пред само една недела Владата речи полицискиот час да почнува од 21 и кафеаните да работат до 20.30 а ваквата одлука требаше да важи две недели. Сега уште не завршена оваа мерка членовите на Владата се исправен пред нова одлука.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе