Традицијата во Тетово на овој ден да се оди на гости кај роднините за Велигден, пандемијата со коронавирусот ја промени. Повозрасните празникот го прославуваат во кругот на најблиските. Хроничарот Дарко Гавровски вели дека ако пред две години се посетуваа и повеќе од 10-тина куќи, сега тоа е редуцирано, бидејќи луѓето стравуваат од опасноста на вирусот.
Гавроски вели дека за да се продолжи традицијата доволно е само посетата да биде и до влезната врата за да се честита празникот и да се земе велигденско јајце.
Додека возрасните се придржуваат до препораките и заштитните мерки, за младите како да не важат правилата. На вчерашната прослава на Велигден кон православните храмови имаше река луѓе, претежно млади, од кои поголемиот дел не носеа заштитна маска. Во очи на празникот беше укинат полицискиот час, што беше повод за поголеми групирања и меѓусебни дружби до доцните вечерни часови.
Данијела Билбилоска