Вести Македонија

Пожарот на Галичник е под контрола

Пожарот што попладнево избувна над селото Галичник е ставен под контрола, објави Месната заедница Галичник на Фејсбук.

– Драги галичани, пожарот е под контрола. Според последните информации, нема опасност за имотите и куќите. Денеска интервенираа НП Маврово, Центар за управување со кризи, Противпожарните бригади од Дебар и Гостивар, амбулантно возило Гостивар, хеликоптер на Армијата на Република Северна Македонија, локално население и екипи и возила на Коњички клуб Шерпа. Вечерва во Галичник имаме гости – специјална единица на Армијата, кои се присутни за поддршка доколку состојбите станат критични и се појави потреба од интервенција. Посебна благодарност до нив!, се наведува во објавата.

Според истиот извор, пожарот над хотел „Неда“ е комплетно угаснат,  а екипите интервенираат на делот кај далекуводите и се очекува брза локализација и гасење, при што на Укален се гаснат последните остатоци од пожарот, а утре наутро се најавени летови за гаснење со двата армиски хеликоптера.

– Електричната енергија е сѐ уште во прекин и ќе биде повторно пуштена откако ќе се извршат потребните проверки. Ќе информираме дополнително. Огромна благодарност до сите вклучени во денешната акција!, се додава во објавата.

Истото го соопштуваат и од ЦУК. Од таму потврдуваат дека повеќе нема опасност  за куќите.

Согласно развојот на настаните, во координација со ЦУК, бараниот и обезбеден армиски хеликоптер со опрема за гаснење пожар, во Галичник стигнал најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер. Хеликоптерот бил принудно приземјен на најблиско можно место до Галичник. Екипажот бил подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар. На крајот од денот, хеликоптерот бил вратен во армиската база во Скопје.

Во селото Галичник, вечерва ќе дежураат  од Територијалната противпожарна единица од Дебар (ТППЕ) со едно ПП возило, неколкумина припадници на МВР, од Национаниот парк „Маврово“ и самоорганизирани луѓе од месното население. Се очекува вечерва од Општина Тетово, во координација со РЦУК Тетово, да пристигне и да биде во приправност и специјално мало противпожарно теренско возило токму за шумски пожари и тим пожарникари со конкретна рачна опрема за гаснење шумски пожари.

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Синот на норвешката принцеза осомничен за три случаи на силување и 23 други кривични дела

Дејан Дејан

Врховниот Суд на САД ја ограничи моќта на судиите да ги блокираат извршните наредби на Претседателот Трамп на национално ниво

Дејан Дејан

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе