Вести Македонија

Силниот ветер го приземји хеликоптерот на АРМ кој треба да го гаси пожарот на Галичник

Голем пожар беснее над Галичник. Гори борова шума, на само 200 метри од хотелот Неда. Во опасност се и околните куќи. Посетителите масовно се повлекуваат од Галичник, локалните жители се евакуирани, бидејќи огнената стихија забрзано се шири поради силниот ветер, кој го приземи и армискиот хелокоптер. Се` уште не се знае причината за пожарот, ниту пак точно колкава површина е зафатена, бидејќи теренот е тешко пристапен.

Последните информации, што  се и официјално потврдени во ЦУК, е дека армискиот хеликотер со опрема за гаснење пожар, е веќе таму, во близина на Галичник.  Стигнал во најбрзо што можел, но не можел да дејствува, заради многу силниот и променлив планински ветер. Хеликоптерот (во мемент на оваа информација) е приземјен на најблиско можно место до Галичник и екипажот е подготвен да дејствува, согласно проценките за временските услови и силината на ветрот, а секако и се дури има и дневна светлина за видливост за летање и дејствување со хеликоптер за гаснење шумски пожар.

Инаку, информацијата за пожарот над с. Галичник, во ЦУК е добиена денеска околу 13.30 часот. Шумскиот пожар заради засилениот ветар претставува потенцијална опасност за селото, но истовремено е опасност и за силите ангажирани за гаснење. Пожарот е на непристапен терен и гори борова шума. Во координација со ЦУК се регионалните центри за управување со кризи РЦУК Охрид, РЦУК Дебар, РЦУК Гостивар и РЦУК Тетово, коишто на локално ниво координирано ги известуваат одговорните институции и претпријатија за гаснење пожари. Општина Маврово-Ростуше испратила, според правилата, официјално барање на време за хеликоптерска помош за гаснење пожар на непристапен терен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Oд полноќ дизелот поевтинува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе