Голем пожар беснее над Галичник, но е локализиран и повеќе не е опасност за околните жители, уверуваат од ЦУК. Спасувачките екипи спречиле огнената стихија да се прошири кон селото. Акцијата ја отежнува силниот ветер, кој го приземји и армискиот хеликоптер. Рано е да се каже колкава штета направил пожарот досега, затоа што се уште наместа е активен.
Припадници на АРМ вечерва ќе дежураат за да го следат ширењето на огнот, а утре изутрина Армијата на помош ќе испрати да нови хелокоптери да го гаснат пожарот. Се` уште не се знае причината за неговото избувнување, ниту пак точно колкава површина е зафатена, бидејќи теренот е тешко пристапен.