Вести Македонија Најважни

Повици за вакцинација на погрешна адреса

Пред почетокот  на масовната имунизација која здравствените власти ја најавија веднаш по продолжениот викенд, граѓаните кои се пријавиле за вакцинација веќе добиваат СМС пораки или e-mail со термин и пункт каде ќе ја примат вакцината. Но, голем дел од граѓаните на социјалните мрежи  се жалат дека  добиваат збунувачки пораки, а најмногубројни се оние кој реагираат дека  добиле СМС  во кои се закажува  друго, непознато лице со датум, час, име и пункт за вакцинација.

По грешка ми пристигна порака  за закажан термин за вакцинирање. Пораката е на име КАТЕРИНА Е. за  5 мај во 8:25 часот , во Кавадарци.  Доколку лицето е член на групата или ја познавате пренесете и ја информацијата, вели член на ФБ  групата КОВИД-19 искуства и совети

Други граѓани  добиле порака за вакцинација во други градови, иако во нивното место на живеење  има вакцинален пункт за масовна имунизација. 80 годишна битолчанка е повикана за вакцина во Кавадарци иако Битола е  регионален вакцинален центар, а жител на Скопје добил порака дека треба да се вакцинира на пунктот „Билјанини извори““  во Охрид

Мојот родител доби порака за вакцинација во пункт “Биљанини извори” во Охрид, а со адреса на живеење сме во Скопје. Дали до сега му се случило вакво нешто на некого и дали има опција да се вакцинира во Скопје?, прашува на ФБ жителка од Скопје. 

Надлежните велат дека не станува збор за грешки на системот, туку граѓаните при аплицирање ги оставиле тие броеви од телефони или го избрале пунктот кој е наведен во пораките што ги добиваат. Кај своите матични лекари можат да ги проверат закажаните термини,  а може да се направи и корекција.

СМС пораките се испраќаат на бројот кој е оставен за лицето при неговото пријавување за вакцинација. Доколку е пријавен преку vakcinacija.mk добива и е-маил. Ако е пријавен преку матичен лекар добива само СМС  на бројот кој го има во неговото досие кај матичниот лекар. Пунктот за кој добил термин самиот го избрал или е избран од матичниот лекар. Доколку погрешно се пријавиле, може да се пријават уште еднаш, за да добијат нов термин или да се обратат на [email protected]. вели Жаклина Чагоровска, од Националниот електронски систем „Мој термин“ 

Од вторник се очекува да започне масовната вакцинација со 200 илјади кинески вакцини кои покрај во Скопје ќе бидат дистрибуирани до  големите вакцинални пунктови уште  во 6 градови во државата Битола,  Куманово, Штип, Кавадарци, Охрид и  Тетово.

Емилија Мисирлиевски

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трагедијата во Кочани зема уште една жртва

Дејан Дејан

Таткото на Вања негираше поврзаност со обвинетите, кои не чувствувале вина, ниту се каеле

Дејан Дејан

Пајазити доби 2 години затвор, сестрата на Теодора прашува колку вреди животот во Македонија?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе