Вести Македонија

Интензивирање на дипломатските активности

Актуелизација на европското досие на Македонија пред земјите членки на Европската Унија. Ова е идејата на европската турнеја на министерот за надворешни работи Бујар Османи. Наредниве денови ќе ги посети Берлин, Копенхаген и Стокхолм. Ќе се обиде да обезбеди имплементација на одлуката за почеток на преговорите, што Советот на ЕУ ја донесе пред една година, а што не е можно без усвојување на преговарачката рамка, што Бугарија ја блокираше во декември.

Во земјава нема голем оптимизам дека е можно одржување на меѓувладината конференција со ЕУ пред Бугарија да излезе од политичката криза. Претседателот Стево Пендаровски, во интервју за Јуроњус, порачува дека ние сме најдобро подготвениот кандидат во историјата на Унијата и дека имаме искусни личности кои би можеле веднаш да почнат преговори во различни области. Што се однесува до нашиот источен сосед, очекува прво избор на Влада во Бугарија, но и нивно прифаќање на реалноста дека Македонците не се Бугари.

Некои изјави од страна на Северна Македонија, од страна на раководството на Скопје се погрешно протолкувани: намерно-ненамерно од нашите пријатели Бугари, дека наводно чекаме промена на чуварите на Софија. Вистината е дека не чекаме некој друг. Ја чекаме легитимната новоизбрана бугарска влада. Чекаме самите Бугари да утврдат кој ќе биде нивниот говорник, вели Пендаровски. 

Деновиве, нашиот специјален претставник за Бугарија, Владо Бучковски, изјави дека не можеме да направиме многу, бидејќи од другата страна немаме соговорник со полн легитимитет.

Всушност, Бугарија е пред нови парламентарни избори. Социјалистите го вратија мандатот, како што пред нив постапија Герб и Има таков народ. Според Уставот, ако националното собрание не успее да формира кабинет по три обиди, претседателот го распушта и назначува привремена влада. Се очекува претседателот Румен Радев да го стори токму тоа и да закаже нови избори на 11 јули.

Без напредок во разговорите со Бугарија, Македонија не може многу да се надева дека во јуни би се одржала меѓувладината конференција. Во ваква атмосфера ќе биде пречекан еврокомесарот Оливер Вархеји. Утре доаѓа во регионот, а во Скопје ќе допатува во вторник. Носи порака дека Европа се грижи за своите партнери, мислејќи на испораката на ветените вакцини, пред се за здравствените работници и ранливите категории.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Oд полноќ дизелот поевтинува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе