Економија Најважни

Работниците си го честитаа први мај и побараа повисоки плати и повеќе права

Транспаренти, пароли, знамиња и познат декор за први мај. На овој датум работниците традиционално во одбрана на работничките права.

Претставени преку синдикатите – сите имаат генерално исти барања до властите, но разединети го кренаа гласот на денешниот „празник на трудот“.

Додека Конфедерацијата на слободни синдикати одржуваше протест пред Владата, Сојузот на синдикати ги организираше своите членови пред седиштето.

Кризата со Ковид-19 годинава е во фокусот и на едните и на другите. Вирусот да се смета како професионално заболување, нов Закон за работни односи, да се зголеми минималната плата и да биде 60% од просечната, како и регулирање на работничките права со колективен договор во компаниите со над 30 вработени – се само дел од барањата на синдикатите.

И едните и другите велат дека годинава немасовно се собраа на протест и тоа поради пандемијата, но за догодина ветуваат дека масовно ќе маршираат пред сите значајни институции во центарот на Скопје.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Божиновска: Транспарентноста е број 1, јавноста мора да се информира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе