Ковид19 Македонија

Охрид се наполни со гости за празниците

Продолжениот празничен викенд го преплави Охрид со туристи. Иако поради пандемијата и мерките, дел од резрвациите на традиционалните гости за Велигден од Грција и Бугарија се откажани, сепак сместувачките капацитети ги полнат домашните и туристите од соседна Србија, кои се најмбногубројни.

Некоја љубов кон Македонија ме враќа двапати годишно или во Скопје или во Охрид, ги почитуваме прописите, што да се прави, тоа е што е, вели гостинка од Србија.

Гостите велат дека не им пречи полицискиот час, ниту останатите мерки за заштита од пандемијата.

Информирани сме дека има, ни пречи, но што да се прави. И кај нас има, но сепак подобро е, почнува од 10 часот, вели турист од Србија.

И домашните туристи се задоволни што Велигденските празници можат да ги поминат надвор од дома

Охрид е  Охрид, добар е, мене лично ми се допаѓа, не мора да е Грција и Албанија, вели домашен турист.

Најмалку гости за овој празничен викенд имаат поголемите хотели кои останаа полупразни, помалите хотелски капацитети се исполнети и до 90 проценти, но најмногу се бараат приватните апартмани.

Сепак тоа се индивидулани сместување, нешто органзиирано нема. Тоа се индивидуални сместувања на луѓе кои што имаат станови овде, имаат викендички, нешто по хотелите и приватно сместување, вели Игор Ивановски, менаџер на хотелот Су-Охрид.

Од охридската полиција информираат дека целокупниот полициски сосотав е ангажиран за одржување на  јавниот ред и мер, се спроведуваат сообраќајни  и контроли за заштита на здравјето. Вчера полицијата изрекла 111 казни за неносење заштитни маски.

Во Охрид деновиве често можат да се сретнат минувачи кои не носат маски или групи граѓани кои не одржуваат дистанца. Со празничната атмосфера како да заборавивме дека само до пред неколку дена го имавме најжестокиот бран на пандемијата од кој жртвите се уште се бројот.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја и поплавени улици и патишта поради невреме во Тетово

Дејан Дејан

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе