Економија Најважни

Незадоволство кај работниците има, но пандемијата драстично ги намали штрајковите и социјалните протести

Здравствените протоколи и стравот да не се изгуби работното место во време на пандемија ги стивнаа штрајковите и протестите. Универзитетскиот професор по трудово право на штипскиот Правен факултет Андон Мајхошев, кој повеќе од една деценија беше и регионален синдикален лидер во штипскиот регион, забележува дека лани евидентирал само два штрајка и пет социјални протести, а од почетокот на годинава па до Денот на трудот немало ниту еден штрајк, а имало пет протести. Работниците во реалниот сектор незадоволството го изразуваат преку протести наместо преку штрајк, од причина што не се членови на синдикатот

Светски тенденција е да се намалува членството во синдикатите, последните истражување на Мајхошев покажуваат дека македонските синдикати бележат драстичен пад на синдикалната густина. Само 23 проценти од вработените членуваат во некој синдикат. Иако владините уредби беа јасни, на терен се забележани низа прекршување на правата на работниците.

Почната е исплатата на платите од петтиот сет на мерки, колку работодавците ја злоупотребиле помошта од државата  ќе се види од наредната недела, кога ќе почнат да пристигнуваат поплаки и претставки од работниците.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со заем од две милијарди евра за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64,7 отсто

Дејан Дејан

Од Извештајот за Македонија се вадат македонски јазик и идентитет

Дејан Дејан

Реакцијата на Костадинов е одраз на нивото на демократија во сите партии?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе