Пристигнаа со полициска придружба од границата со Србија пломбирани во два шлепери. Ги истовари армијата следена од будното око на станарите кај Поликлиниката „Јане Сандански“ во Аеродром, додека луѓето од МАЛМЕД го снимаа и евидентираа секој чекор на распакувањето и складирањето на 200.000 вакцини на „Синофрам“ кои преку Истанбул и Белград рано утрово со ДХЛ стигнаа во Скопје. Од вторник, кинеските вакцини кои се со 86% ефикасност против инфекција на коронавирусот ќе почнат да се аплицира на вакциналните пунктови во земјава.
„Искрено верувам дека до почеток на летото ќе имаме висок процент на население кое ќе биде вакцинирано и тоа сето ќе придонесе за целосно менување на сликата на епидемијата кај нас“, изјави Венко Филипче, министер за здравство.
На 48-те пункта во Салата „Борис Трајковски“ заедно со оние во шесте спортски сали во Битола, Штип, Кавадарци, Охрид, Тетово, Куманово планирано е дневно да се вакцинираат меѓу 10 и 15 илјади луѓе.
„Засега сите пунктови ќе останат да работат иако ја разгледуваме можноста да помалите пунктови, не во Скопје, туку во другите градови, целосно го дадат кадарот за да функционираат само големите пунктови. Засега остануваме, тоа ќе биде оваа недела, да функционираат паралелно двата системи зашто има доволно кадар. Меѓутоа ќе видиме како ќе функционира тој систем“, вели Филипче.
Во вакцинацијата освен приоритетните групи определни со Националниот план сега ќе се вклучат и оние кои сами, електоронски, се пријавиле за вакцинација и тоа според возраста, но и според тоа кога се пријавиле за вакцинација. Граѓаните вели Филипче не треба да бираат со која вакцина ќе се вакцинираат туку да ја изберат таа која во моментот ја има на вакциналниот пункт. А таму во моментов таму ги има вакцините на „Астра Зенека“, „Фајзер“ и од вторник на „Синофарм“, кои во мај ќе се надополнат со уште 100.000 вакцини „Синофарм“, 500.000 кинески „Синовак“ и 26.000 на „Фајзер“. За руската Спутник В се уште нема точен датум и количина на испорака. Под знак прашалник е испораката на дополнителните количини на „Астра Зенека“ преку КОВАКС системот поради прекинот на извоз од страна на прозиводителот во Индија. Тоа ја става во неизвеснот ревакцинациијата на 24.000 граѓани над 60 години кои во април беа имунизирани токму со „Астра Зенека“.
„Јас верувам дека до тогаш ќе стигнат вакцини. Доколку не, тоа што го разговаравме со министерот Лончар е дека и тие вакцини од Србија може да ги донесеме кај нас, за тука да се спроведе ревакцинациијата. Зборуваме за граѓаните над 60 години кои што треба да се ревакцинираат после 12 недели од првата доза“, вели Филипче.
Утрово вакцините во Скопје лично ги прелека и амбасадорото на Кина во земјава, Џанг Ѕуо.
„Кина обезбедува урегентно потребни вакцини за повеќе од 100 земји и меѓународни ораганизации. Денешното пристигање на кинеските вакцини во Северна Македонија е конкретен потег на Кина за исполнување на своите заложбите и конкретни активност за помагање на здравјето начовештвото“, рече Ѕуо.
Откако и Филипче и Ѕуо кратко време заедно го надгледуваа складирањето на вакцините во ладната соба во Поликлиниката „Јане Сандански“, тие задоволни заминаа оставајќи ги припадниците на Армијата и МАЛМЕД да ја довршат работата за од вторник да може и буквално да започне масовната вакцинација во земјава.
Тамара Грнчароска