Економија

Еврозоната повторно во рецесија, БДП се намали за 0,6 проценти

Бруто домашниот производ во еврозоната падна за 0,6 проценти во првите три месеци од оваа година, покажаа денешните податоци на Европскиот завод за статистика Евростат.

Вториот последователен квартал на пад на БДП, после наглиот пад во четвртиот квартал од 2020 година, потврдува дека економијата на 19-те членки повторно е во рецесија.

Два последователни квартали на негативен економски раст се дефинираат како техничка рецесија, потсетуваат светските агенции. Еден од факторите за забавување на европската економија е бавното воведување на вакцини и долготрајната блокада, а другиот фактор е помалата државна поддршка за економијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со заем од две милијарди евра за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64,7 отсто

Дејан Дејан

Паолучи: Фокусирајте се на зајакнување на домашните темели на економскиот раст

Дејан Дејан

Втор ден расправа за ребалансот на буџетот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе