Македонија Најважни

Словачка не прифаќа раздвојувањето на досиејата на Македонија и на Албанија

Словачка не прифаќа раздвојувањето на досиејата на Македонија и на Албанија во процесот на пристапување во ЕУ. Оваа позиција на Братислава денеска ја изнесе заменик-министер за надворешни работи на Словачка и нејзин претставник во Советот за општи работи на ЕУ, Мартин Клус, откако станува се поизвесно дека неможноста за формирање нова влада во Софија и евентуални одржување на нови избори во Бугарија ќе го одложи отворањето на македонското досие на европскиот самит во јуни, додека за Албанија не постои таква пречка.

„Раздвојувањето на двете земји не е прифатливо за нас, засега. Веруваме дека и двете земји – Албанија и Северна Македонија би требало да ги започнат преговорите заедно. Тоа ќе биде полесно и за двете земји, но ќе биде полесно и за нас, бидејќи така ќе може лесно да ги споделуваме искустватата. И дефинитивно сум на ставот дека ако двете земји го почнат преговарачкиот процес заедно ние ќе ги донесеме Албанија и Северна Македонија побрзо во ЕУ. И ова е стратешка цел на Словачка“, изјави Клус.

Избори во земјите-членки постојано има и од нив не треба да зависи пристапниот процес на земјите кандидати пак е ставот на вицепремиерот во македонската владат задолжен за евроинтегрирањето, Никола Димитров, според кого се уште е рано за дебата за раздвојување на европските досиејата на Македонија и Албанија.

„Да правиме се што можеме, да не олеснуваме работите да ни измрдаат, меѓутоа нема гаранции, да бидеме реални. Не сакам и надежта којзнае колку да ја поткревам“, изјави Димитров.

Тој предупреди дека доколку ЕУ и годинава не направи чекор напред во поглед на проширувањето европската идеја во Западниот Балкан ќе бледнее и се помалку ќе и се верува на Унијата, а на површина ќе избиваат различни визии за иднината на Балканот, како што е последниот нон-пејпер за нови исцртување на границите во регионот. Димитров притоа ги повика и Бугарија, но и ЕУ, да го препознаат тоа и да не го доволат.

„Ние имаме многу што да изгубиме ако пак нема почеток и нема успех. Меѓутоа сметам дека и Бугарија има многу што да загуби, бидејќи ја пропуштаме можноста и таа треба да ја вратиме, да имаме вистинско, блиско, партнерство и соработка. Тоа не оди и не е компатибилно со блокирање на процесот, со политиката на вето. Ќе изгуби многу и Европската унија. Мислам дека има посветеност во Лисабон, португалското претседателство, да се направи се што може“, е ставот на Димитров.

Но оти работите пред јунскиот самит на ЕУ не се остават на случајност покажува и најавата за засилена дипломатска активност на македонските претставници, па по дводневната посета на претседателот Пендаровски на Брисел, следна е посетата на  Димитров на Талин на 7 мај, а веднаш потоа и на Атина на 13 и 14 мај, каде во рамки на Делфи форумот тој ќе има и средби со неколку европски шефови на дипломатии. Како што дознава Телма на агендата во престојниот период на македонските претставници се и посетите на Брисел и Мадрид. Шефот на дипломатиијата, Бујар Османи, пак во контескт на засилена дипломатска актиновст, како што објави дојче Веле,  деновиве испратил стотина писма до повеќе адреси во ЕУ, со цел да ја мобилизира целата поддршка на земјите-членки и европските институции за почеток на преговорите во јуни. Османи со писмо им се обратил и на бугарските институции и бугарските европратеници.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Богоjeски од директор замина за професор во Воена академија каде ќе предава економија на идните офицери

Дејан Дејан

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Независните со апел до Собранието за независните кандидати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе