Охрид,Центар,Куманово се само дел од општините во кои незадоволни членови и поранешни високи функционери на СДСМ најавуват поднесување независни советнички листи.Во Охрид веќе е формиран иницијативен одбор кој почна со работа на терен.Идеологијата не ја напуштаат но убедени се дека мора да се спротистават на партиското самоволие а Советот да работи за интересите на граѓаните а да не биде продолжена рака на градоначалникот.Во иницијативниот одбор се поранешниот пратеник Томе Чингоски,поранешниот претседател на советот на Охрид Владо Чингоски, професорката Елизабета Баракоска, Никола Пројкоски,Лидија Стојановиќ,Ивица Будески и други.
Претседателот на СДСМ Зоран Заев е информиран за случувањата во партијата и најавува дека по празниците партиското раководство ќе разговара за ова. Ова според него било доказ дека има демократија и секој може слободно да го каже својот став.
За само неколку недели се случија низа превирања во владејачката партија.Радмила Шекеринска се дистанцира и најави дека нема да се кандидира за заменик претседател, Стојко Пауновски доби отказ затоа што се спротистави на рамковните вработувања, голем дел поранешни пратеници и универзитетски професори отворено на социјалните мрежи го изразуваат незадоволството од начинот на менаџирање со партијата.
Јулијана Пешевска