Македонија

Паралелени советнички листи, расте незадоволството во СДСМ

Охрид,Центар,Куманово се само дел од општините во кои незадоволни членови и поранешни високи функционери на СДСМ најавуват поднесување независни советнички листи.Во Охрид веќе е формиран иницијативен одбор кој почна со работа на терен.Идеологијата не ја напуштаат но убедени се дека мора да се спротистават на партиското самоволие а Советот да работи за интересите на граѓаните а да не биде продолжена рака на градоначалникот.Во иницијативниот одбор се  поранешниот пратеник Томе Чингоски,поранешниот претседател на советот на Охрид Владо Чингоски, професорката Елизабета Баракоска, Никола Пројкоски,Лидија Стојановиќ,Ивица Будески и други.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев е информиран за случувањата во партијата и најавува дека по празниците партиското раководство ќе разговара за ова. Ова според него било доказ дека  има демократија и секој може слободно да го каже својот став.

За само неколку недели се случија низа превирања во владејачката партија.Радмила Шекеринска се дистанцира и најави дека нема да се кандидира за заменик претседател, Стојко Пауновски доби отказ затоа што се спротистави на рамковните вработувања, голем дел поранешни пратеници и универзитетски професори отворено на социјалните мрежи го изразуваат незадоволството од   начинот на менаџирање со партијата.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Еврокомесарката Кос во понеделник по одговори за Планот за раст – денеска изгласани неколку реформски закони

Дејан Дејан

Членките на НАТО се согласија да ги зголемат трошоците за одбрана до 5 отсто

Дејан Дејан

Екоактивистите со блокади против изградбата на две мали хидроцентрали на реката Дошница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе