Ковид19 Македонија Најважни

Бројот на починати од Ковид расте, се намалува бројот на заразени

Вкупниот број заболени од Ковид-19 бележи опаѓање за 33,8 проценти во однос на претходната недела, но за 2,4 проценти се зголемил бројот на починати, покажува најновиот неделен извештај на Институот за јавно здравје за периодот од 19 до 25 април. Кумулативно најголема смртност имаат Прилеп, Охрид и Крушево

Пријавени се 211 смртни случаи од 27 градови, 2,4% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 189 лицa биле над 60 години, 18 лица на возраст од 50-59 години и 4 лица од возрасната група од 40-49, пишува  во извештајот на ИЈЗ.

Со направени 18.169 тестирања во лабораториите низ земјава, утврдено е намалување на бројот на позитивни за една третина во споредба со минатата недела. Секој трет од заболените е на возраст од 60 години, со што оваа категорија е најмногубројна, или 35%, а најмал е бројот на заразени меѓу  децата од 0 до 9 години, 1,7 проценти. Кај останатите старосни групи има релативно израмнето ширење на вирусот. Репродукциониот број кој покажува колку лица може да зарази еден заболен, највисок е во Крушево 1,48, а просечно во земјава е под 1 и на 25 април изнесувал 0,79.

Регистрирани сe 3.443 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со намалување од 33,8% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 10,6 до 24,0%, просечно 18,0 %. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје  35,6%, а највисока неделна инциденца од 292,4 на 100.000 жители  е регистрирана во Битола, пишува во извештајот на ИЗЈ

Се зголемува и бројот на оздравени – 6.122 лица или за 3,4 проценти повеќе отколку во периодот од 12 до 18 април.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фирмата на „Пулс“ била во радарот на УЈП – директорката отфрла одговорност во постапување на институцијата

Дејан Дејан

Независните со апел до Собранието за независните кандидати

Дејан Дејан

Од први јули забрана за движење во шумите 

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе