Велигден ќе се слави и со корона мерки, но и со традиционална причест од едно лажиче за сите кои ќе сакаат. Олабавените мерки и велигденската ноќ без полициски час се донесени и одобрени и заради граѓаните и заради подобрената состојба со пандемијата. Празнувањето ќе продолжи со Рамазан Бајрам, а министерот не очекува епидемиско распламтување после празниците.
Поради падот на новите случаи и на нови хоспитализации од петок клиниката за Урологија ќе се врати на редовните пациенти, а од понеделник истото ќе се случи и со Клиниката за пластична хирургија, најави Филипче. За болничкото лекување со инванзивно користење на респираторите за механичка вентилација на најтешки пациенти, министерот потврди дека има лоши резултати.
Од Кина е испратен абер дека 200 илјади вакцини за Македонија во петок рано наутро ќе стасаат на аеродромот во Истанбул. Подготвена е и кампања за вакцинација и со секоја нова пратка вакцини се зголемува бројот на заинтересирани за вакцинирање кое треба да ја скроти пандемијата.
Миомир Серафиновиќ