Државниот завод за ревизија издал неповолно мислење за финансиските извештаи од 2019 година на радовишкото јавно претпријатие „Пелаја“.
Ревизијата утврдила загуба на вода во системот за водоснабдување од дури 63 проценти а договор за користење на услугите на претпријатието имаат склучено само 73 проценти од корисниците.
Ревизијата понатаму утврдила пресметани а ненаплатени обврски кон буџетот на РСМ во износ од 726.000 денари и искажана добивка во поголем износ, а помал износ на обврски по основ на надоместок за користење на води и испуштање во води како обврска спрема буџетот.
Покрај тоа Државниот завод за ревизија забележува дека од декември 2017 година, до денот на ревизијата се уште со претпријатието управува в.д директор.