Македонија Топ вести

Близу 36.000 евра исплатила владата за хонорари во декември

Вкупно 35.925 евра исплатила Владата за хонорари за  декември лани за  61 ангажирано лице  – покажуваат поадотиците што Телма ги доби по Законот за пристап до информации од јавен карактер, откако претходно Владата одби да ги предочи, кога тоа го побараа од платформата Призма, со чие истражување и се покрена прашањето.

Споредбата на списокот на хонорарци ангажирани за оваа година, што претходно го објави Владата соочена со силните критики во јавноста за одбивањето да ги каже имињата на декемвриските хонорарци, покажува  дека 42-ца од декемврискиот платен список, го продолжиле хонорарниот ангажман и годинава. Па така, двајца од нив Игор Христов и Ивана Митрова кои биле ангажирани како дел од Генералниот секретаријат, а во декември добиле по 60.000 , односно 50.000 хонорар – годинава работат за 38.000, односно 39.000 денари. Петрит Сарачини кој бил ангажиран за акумулирање, средување и анализа на информации и податоци за изготвување извештај со елаборирање и презентација за координација на медиумски мониторинг и понатаму останува на платниот список на Владата со 42.000 денари.

На декемврискиот список го има и граѓанскиот активист Жарко Трајаноски. За него и за Сарачини, уште во 2018- тата беше објавено дека биле хонорарно ангажирани од Владата.

Според списокот на хонорарци кој го доби Телма, највисокиот хонорар кој Владата го исплатила во декември 2020 година е од 80 илјади денари на три лица и тоа: Ивица Димитровски како координатор за дигитализација на ниво на Северна Македонија, Александар Дединец и Дарко Јаневски и двајцата за изработка на физибилити студија за јавно проватно – партнерство за фотонапонска електрана во РЕК Осломеј.

Хонорар од 27.000 денари добила Тања Тасевска за „консултации и давање совети за надминување на кризата предизвикана од Ковид.“ Најнискиот хонорар кој е исплатен во декември е од 14.500 денари и е за толкување на знаковен јазик на прес-конференциите на Владата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западниот Балкан останува во геополитичкиот интерес на ЕУ

Дејан Дејан

Арсовска поднесе пријава за 20 дивоградби во Чаир

Дејан Дејан

Жељазков- Кошта: Бугарија нема да поставува нови услови за Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе