Култура Топ вести

Молк за Оскарот за режија на Клое Жао во Кина

Главните државни медиуми во Кина не ја пренесоа веста дека Оскар за режија за филмот „Земја на номадите“ доби Клое Жао, која е родена во Пекинг.

Веста може да се најде само на дел од социјалните мрежи но, делимично беше тргната и од таму.

Жао е втора жена наградена со Оскар за режија во 93-годишното постоење на наградата, а ова е нејзин трет филм. Исто така таа е прва небелкиња и прва Кинескиња добичничка на Оскар за режија.

Кинескиот весник Глобал Тајмс на почетокот на март пишување за Жао како за „кинеска гордост“, откако таа го доби Златниот глобус, но денеска портпаролката на министерството за надворешни работи не сакаше да ја коментира веста, под образложение дека не станува збор за „дипломатско решение“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пеплоасни 15-на хекари зимзелена и нискостеблеста шума во пожарот кај Кочани

Дејан Дејан

(Видео) Некои загубиле свест, некои пишувале проштални пораки – драма на лет во Јапонија, авион паднал 25.000 стапки за 10 минути

Дејан Дејан

Ѓоковиќ: Се замислувам во пензија на плажа со Федерер и Надал како пиеме коктели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе